vila Maria Pashalidou
Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред куќата е игралиште за деца. Во понуда се трoкреветни апартмани на прв и на втор кат и еден петкреветен апартман на прв кат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата куќа е со сончеви колектори, а покриена е со бежичен интернет. Агенцијата не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Организиран превоз Скопје – Неа Рода:
Тргнување од Скопје во 04:00 часот
Цена на повратен билет
– 35 евра;
– деца до 2 години бесплатно (без седиште);
– од 2-12 год.-25 евра
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)