Apart hotel Lazaridis
На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода се наоѓа апартхотел Lazaridis со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје, прв и втор кат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со бојлери, а покриен е и со бежичен интернет. Агенцијата не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина има простор за паркирање на возила. Апартхотелот Lazaridis има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса, која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција).
Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.
Организиран превоз Скопје – Неа Рода:
Тргнување од Скопје во 04:00 часот
Цена на повратен билет
– 35 евра;
– деца до 2 години бесплатно (без седиште);
– од 2-12 год.-25 евра
– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)