vila Nikos, Skijatos
Вила “НИКОС“ лоцирана во Кукунариес на оддалеченост 5 минути од најпознатите плажи “Кукунариес““Банана биџ“ ,Агиа Елена,Крисиамос се плажи кои се вбројуваат во 5-те најубави Европски плажи.Пешачењето до плажите е во убава шумска атмосфера.Вилата располага со 1/2, 1/3 ,1/4 студија и 1/6 дуплекси сите климатизирани, тв, ви-фи, балкони и простран двор, сместени во борова шума.
Вила „НИКОС“ е лоцирана во Кукунариес. Влезот е обележан со видлива табла на која пишува „Вила Никос“, голема влезна врата и паркинг простор.
Во дворот, кој наоколу е опкружен со дрвја, има и летниковец со големи маси и дрвени клупи. Десната страна од вилата граничи со имот, кој има борова шума, додека пак од левата страна се наоѓа езеро со слатка вода, кое е природен феномен на островот. Вилата е оддалечена од плажата околу 5 минути. Во класичен медитерански стил, вилата располага со апартмани, во кои се влегува директно од дворот. Во вилата има постојано топла вода, која е решена преку централен соларен систем. Обезбедена е и со wi-fi сигнал.
Рецепцијата и останатиот персонал се достапни во секој момент за било каква информација и помош. Сите соби располагаат со ПП апарат, екстра кебиња и перница, но за било каква екстра потреба може да се обрати на рецепција. Во собите има клима уред, телевизор, радијатори за парно греење и купатило со ВЦ. Во сите апартмани се достапни по 2 крпи од лице (голема и мала).
GPS координати:
39.152932, 23.397495
39°09’10.6″N 23°23’51.0″E
Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 7, 8 или 9 нокевања, со вклучен автобуски превоз,траект и трансфер пристаниште – вила – пристаниште.
Клима уред….бесплатно
- Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден;
- Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот;
- Поаѓање од Скопје на паркингот спроти Холидеј Инн во 23:00 часот;
- За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво и второ лице, за 3,4,5,6 лице по 25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
- Само автобуски превоз Скопје –Волос-Скопје 110 еур за возрасни, 65 еур за деца до 12 год.- повратна автобуска и бродска карта;