Apart hotel Laskarina

Vila Laskarina е во самиот центар на Потос, на почетокот на пешачката зона и на само 30 m од плажа. Во нашата понуда се студија и апартмани наменети за сместување на 2 – 4 лица. Сместени се на втор кат. Студијата имаат директен или страничен поглед на море а апартманите гледаат на двор. Сите сместувачки единици имаат опремен кујнски дел, купатило, пешкири, балкон, комарници, бежичен интернет, ТВ и клима уред со доплата од 5 еур на ден, на лице место. Чистењето на сместувачките единици, замена на пешкирите и постелнината е петтиот ден од престојот.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.

• Такса за престој во висина од 0,5 eur на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место, при влез во објектот.

Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори