vili Karakas i Astoria, Zakintos
Вилата Каракас поседува двокреветни и трокреветни студија. Секоја од нив е опремена со фрижидер, тоалет, сеф. Се наоѓа на одлична локација на само 400 метри од главната плажа која е во должина од 5км и е на само неколку минути од главната улица во Лаганас, која изобилува со многубројни дискотеки, барови, клубови, ресторани и претставува совршено место за уживање на секој млад човек.
Вилата Асторија поседува двокреветни, трокреветни и четвокреветни студија. Секое од нив поседува балкон, фрижидер, тоалет, мини кујна, како и клима уред (кој може да се користи со доплата на лице место). Вилата поседува одлична локација и излегува на самата плажа во Лаганас која поседува барови и ресторани. Одличната локација се надополнува со тоа што вилата е лоцирана на само 5 минути од главната улица во Лаганас.
1 ДЕН – СКОПЈЕ
Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото…
2 – 8. ДЕН – ЛАГАНАС
Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна… го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ – и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!
9 ДЕН – ЛАГАНАС – СКОПЈЕ
По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Комплетна организација со водич на патувањето
- 7 ноќевања во избраната вила во Лаганас
- Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-Факултативни излети
-Патничко и здравствено осигурување
-Превоз со траект на релација Килини – Закинтос – Килини (20€)
-Туристичка такса – 0,5 € по ноќ