IOS
Покрај забавата, Иос важи и за остров кој е опколен со преубави плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Плажите на Иос, ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода. Едни од најпопуларните плажи на островот исто така се Mylopotas, Manganari, Jialos и Koubaras. Колку и да продолжиме да ви го опишуваме ова преубаво место за журка и одмор нема да можеме да го доловиме она што го поседува островот кој е опколен со исто така најпопуларните острови: Миконос и Санторини (Mykonos,Santorini).
1 ДЕН. (СКОПЈЕ – АТИНА)
Поаѓање во попладневните часови. Возење низ Македонија и Грција со попратни паузи.
2 ДЕН. (РАФИНА – ИОС)
Пристигнување на пристаништето Рафина, упатување кон Иос со траект. Пристигнување на Иос. Сместување.
2 – 9 ДЕН. (ИОС)
Престојот на овој остров никако нема да ве остави рамнодушни. Прекрасните плажи, богатата флора и фауна како и големиот број на барови на плажа, дискотеки и грчки таверни ќе се погрижат да го доживеете најлудото лето досега.
9 ДЕН. (ИОС – РАФИНА)
Напуштање на собите, слободно време за шопинг и релаксација. Упатување со траект кон пристаништето Рафина. Ноќно возење преку Грција и Македонија со попатни паузи.
10.ДЕН (СКОПЈЕ )
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Комплетна организација и пратител на патувањето
- 7 ноќевања во одбраното сместување
- Превоз со модерни туристички автобуси (КЛИМА, ТОАЛЕТ, ТВ, ВИДЕО)
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО Патничко и здравствено осигурување – 350 денари
- Повратен билет за траект на релација Пиреа – ИОС – Пиреа 3750 денари (кој се доплаќа во агенција)
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:
Вилата Спирос (SPYROS PLACE) поседува одлична локација од сите атрактивни случувања на островот Иос. На само 150 метри од баровите, рестораните и ноќните клубови кои овозможуваат супер и поинаков провод по кој е препознатлив овој остров.
Вилата поседува сопствено џакузи кое може да се користи и бар за дополнително уживање и дружење.
Сите студија поседуваат клима уред – чие користење е ГРАТИС
Вилата поседува двокреветни студија кои поседуваат фрижидер како и сопствено купатило. Трокреветните и четворокреветните студија поседуваат фрижидер, мини кујна, како и сопствено купатило.
Вилата Нефели поседува одлична локација од сите атрактивни случувања на островот Иос. На само 150 метри од баровите, рестораните и ноќните клубови кои овозможуваат супер и поинаков провод по кој е препознатлив овој остров.
Вилата поседува сопствен базен и бар за дополнително уживање и дружење.
Студијата кои се трокреветни и четворокреветни поседуваат телевизор, фрижидер, сопствено купатило, како и клима уред – чие користење е ГРАТИС.