Loret De Mar
Пакет аранжман со АВТОБУС
Термини: 29 Maj / 5, 12, 19, 26 Јуни / 3, 10, 17, 24, 31Јули / 7, 14, 21, 28 Август / 4, 12 Септември
ПРОГРАМА:
1 ДЕН. СКОПЈЕ – МИЛАНО:
Состанок на групата во 13.00ч. на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 13.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
2 ДЕН. МИЛАНО:
Пристигнување околу пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
3 ДЕН. МИЛАНО – ЉОРЕТ ДЕ МАР:
Појадок. Слободно предпладне. Предлагаме факултативна посета на “Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби а денеска е центар на Светската Мода. Патувањето продолжува кон Шпанија покрај Генова, Вентимиља, Сан Ремо, Ница, Перпињан со попатни паузи. Ноќно возење.
4 ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР:
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Ноќевање.
4 – 11 ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР:
Престој на база 7 ноќевања со појадок, 7 полу пансиони, 7 полни пансиони во одбрана категорија на хотел. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: Барселона, забавниот парк Порт Авентура, музејот на Салвадор Дали со Емпуриа Брава, Фламенко, Витешки борби, Аквариум, Пакет дискотеки и др.
11. ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР – НИЦА:
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден. Предлагаме факултативно – Барселона Меџик и Шопинг + следење на спектаклот на магичната фонтана – незаборавно! Поаѓање за Ница во 23.00 ч. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
12. ДЕН НИЦА:
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Предлагаме факултативно посета на Кан и Грас.Кан, познат со својата прочуена Кроасета, филмска палата, луксузните хотели, стариот градSike со својата тврдина и Готска црква.Слободно време. Потоа веводиме во центарот на светската парфемска индустрија, сместена во идиличното место Грас. Посета на најголемата и најпозната парфимерија FRAGONARD. Попладне сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта прошетка низ стариот дел на градот: плоштадите Масена, Солеја, атедралата, палатата на правдата. Ноќевање.
13. ДЕН НИЦА – МОНАКО – СКОПЈЕ:
Појадок. Напуштање на собите. НЕ ПРОПУШТАЈТЕ целодневен факултативен излет: МОНАКО: Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички. Потоа шетаме покрај пристаништето на Монако, се движиме по патеката на Формула 1. Ја посетуваме Јапонската ботаничка градина, авенијата на луксузни автомобили. Слободно време за капење на плажата Ларвото. Потоа одиме во Монте Карло да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и прочуени Казина. Слободно време за индивидуални прошетки и посети на Казина. Во приквечерните часови, поаѓање кон Скопје
(за патниците кои не одат на излет, поаѓањето е водоговорено време со водичот од железничката станица во Ница).
14. ДЕН. СКОПЈЕ:
Пристигнување во доцните вечерни часови.
Цената според табелата вклучува:
• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео
• 7 Н, 7НП, 7ПП или 7ПА во Лорет де Мар во одбрана категорија на хотел
• 1НП на Азурен брег (Ница/Кан) хотел со 2*/3*
• 1НП во Милано / околина, во хотел со2*/ 3*.
• Наш претставник во Лорет Де Мар
• Организација и туристички придружник на патувањето
Цената НЕ вклучува:
• Задолжително патничко осигурување
• Туристичка такса Ница 125 ден. (се плаќа во агенција)
• Туристичка такса Милано 300 ден. (се плаќа во агенција)
• Туристичка такса Лорет Де Мар од0,5€ – 1€ по лице на ден (се плаќа на рецепција во хотел)
• Факултативни излети
• Девизен дел: 25€ се плаќаат на водичот за трошоци на аранжманот на шпанската локална агенција.
(Деца 2-12 год. плаќаат по 10€, а излетот Монако за деца 2-12 е ГРАТИС)
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
• Милано (вклучен метро/транвајска карта) Кан, Монако
• Барселона – разглед, Барселона – шопинг, магични фонтани, камп ноу, аквариум, музеј Дали, Фигерас и Емпуриабрава, фламенко, витешки борби, Порт а Вентура забавен парк, Коста брава тура, пакет дискотека
• Влезниците за излетите се плаќаат на лице место и не се вклучени во цената на излетот, освен каде што е наведено.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
• За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица
• Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари