Kavos Fun
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:
1.Ден: Скопје – Грција:
Скопје, појдовна точка на нашето патување. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 – 8 / 9.Ден: Игуменица – Кавос:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Игуменица. Влегување на траект и пловење до островот Крф (околу 60 мин.). По пристигнувањето на островот трансфер до хотелот или вилата. Зелениот остров, опкружен со кристално чисто море ќе биде наш домаќин наредните 10 дена. Неговите плажи се вбројуваат меѓу најубавите плажи во светот, од бескрајни и преубави песочни обали до скриени заливи. Старата венецијанска и англиска архитектура, тесните улички, големиот број на туристи, кафе барови, клубови, giftshoops, романтичните заоѓања на сонцето ќе ги задоволат сите ваши вкусови. Одморот ќе го пополните со посета на главниот град Крф, еден од најубавите градови во Грција, преку ден ќе лудувате на најголемата и најубавата плажа Глифада, а местото Кавос, каде што журките трајат деноноќно, ќе се погрижи за недостаток на сон и лудило до раните утрински часови.
9 / 10.Ден: Кавос – Игуменица – Скопје:
Ги пакуваме куферите и го напуштаме хотелот/апартманот. Слободно време до попладневните часови за кога е предвидено враќање за Игуменица, затоа искористете да се опростите со островот на свој начин. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Цените важат за резервација до 07.03.2020
- Сместување на база 7 или 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кавос/Крф
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Кавос – Скопје
- Организација на аранжманот и пратител на групатa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 450 денари (за 9 ноќевања) и 350 денари (за 7 ноќевања) – се плаќа во агенција
- Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
- Превоз со брод на релација Игуменица – Лефкими – Игуменица 20 евра
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци.