Studia i Vila Magnolia
Вилата Магнолија се наоѓа на 25 метри од плажата во Ипсос, додека студијата Магнолија се наоѓаат на 55 метри од плажата, сокриени од градскиот метеж, а сепак блиску до шеталиштето.
Вилата Магнолија располага со три објекти, од кои две се посебни куќи со можност за сместување на четири лица. Секој објект има две посебни спални, посебна кујна и трпезарија. И двете куќи имаат голем и убав двор исполнет со зеленило, како и приватен паркинг.
Студио Магнолија (Елени) располага со шест студија (двокреветни соби) и можност за трет дополнителен кревет. Секоја соба има кујна одвоена од делот за спиење, која е опремена со основен прибор, трпезариска маса, интернет.
Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 18€ по лице. На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект
- Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
- Посета на градот КРФ – посетата и прошетката низ стариот град е уникатно доживување кое не смее да се пропушти. Градот на светецот Спиридон, старата тврдина, плоштадот Листон, град кој потсетува на Дубровник и Венеција. Тука ќе ги дознаете сите значајни работи за градот, но и самиот остров преку нашиот водич кој ќе биде со вас за време на излетот. ЦЕНАТА на факултативата по лице изнесува 10 евра.
- ТУРА СЕВЕР – Целодневен излет каде се посетуваат најубавите предели на островот. Фабриката за производство на ликери од традиционалното овошје КумКуат, плажата Палеокастрица, манастирот Богородица, аквариумот (опционално), највисокиот врв со прекрасен видиковец каде се гледа цела Палеокастрица, местото Сидари со познатиот канал на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра по лице
- ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА ГЛИФАДА – Вистинско уживање на најпопуларната песочна плажа на островот, позната по неверојатно убавиот златен песок и прекрасна плажа. Целодневно уживање, сончање и капење. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 15 евра по лице.
- ЦЕЛОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ низ североисточната обала на островот со вклучен ручек – Крстарење кое ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви ја наполни душата. Крстарење со повеќе застанувања. Капење на дива плажа и ручек (скара) на плажата. Ручекот е доста богат и вклучува два вида на месо, салата, леб и неограничено пиење на вино или сокови за време на ручекот. Посета на градот Касиопи и на враќање застанување крај пештера и посета на истата. ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ е 27 евра по лице.
Дополнителни факултативи:
- Крстарење на Паксос и Антипаксос – целодневно крстарење до светски познатите мали острови кои се познати по неверојатната тиркизна боја на морето и песок бел како брашно. Пауза на еден од островите и можност за ручек и капење. ЦЕНАТА на излетот е 30 евра по лице.
- АКВАЛЕНД – Посета на вториот по големина аквапарк во Европа, со безброј можности за адреналинско доживување, мрзлива река, безброј тобогани и уште многу интересни изненадувања ве очекуваат таму. ЦЕНА со превоз и влезница е 27 евра.