vila Emilios Sea View, Barbatis, Krf
Вила Емилиос Sea View се наоѓа во центарот на Барбати – на островот Крф на помалку од 200 метри од плажата. Се наоѓа на исклучително место, опкружена со борова шума и маслинови дрва, а погледот према море ја прави уште попријатна за вистински да уживате во Вашиот летен одмор. Вилата располага со четворокреветни дуплекс апартмани на приземје и прв спрат, кои имаат две посебни спални соби со стандардни кревети, тераса, опремена кујна, тоалет со туш, телевизор во секоја спална, клима со доплата (по желба 6 евра од ден по клима) во секоја соба, како и сеф чие користење се наплатува на лице место по желба (1 евро од ден). На 30 метри од вилата има мини маркет и неколку ресторани, рент а кар, автобуска станица. Вилата располага со сопствен паркинг. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.
Барбати е едно од најубавите и најмирните места на островот Крф. Идеално е за фамилии и луѓе кои сакаат да бидат одвоени од ноќниот живот. Сепак, ако сакате малку да се забавувате, на 3,5 километри се наоѓа местото Ипсос. Главниот град Крф е оддалечен 18 километри. Има долга и широка плажа, со бели камчиња и тиркизно и чисто море. Плажата е долга околу 2,5 километри и располага со неколку бич барови и ресторани, но и место каде може сами да се одвоите.
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект
- Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
- Посета на градот КРФ – посетата и прошетката низ стариот град е уникатно доживување кое не смее да се пропушти. Градот на светецот Спиридон, старата тврдина, плоштадот Листон, град кој потсетува на Дубровник и Венеција. Тука ќе ги дознаете сите значајни работи за градот, но и самиот остров преку нашиот водич кој ќе биде со вас за време на излетот. ЦЕНАТА на факултативата по лице изнесува 10 евра.
- ТУРА СЕВЕР – Целодневен излет каде се посетуваат најубавите предели на островот. Фабриката за производство на ликери од традиционалното овошје КумКуат, плажата Палеокастрица, манастирот Богородица, аквариумот (опционално), највисокиот врв со прекрасен видиковец каде се гледа цела Палеокастрица, местото Сидари со познатиот канал на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра по лице
- ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА ГЛИФАДА – Вистинско уживање на најпопуларната песочна плажа на островот, позната по неверојатно убавиот златен песок и прекрасна плажа. Целодневно уживање, сончање и капење. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 15 евра по лице.
- ЦЕЛОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ низ североисточната обала на островот со вклучен ручек – Крстарење кое ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви ја наполни душата. Крстарење со повеќе застанувања. Капење на дива плажа и ручек (скара) на плажата. Ручекот е доста богат и вклучува два вида на месо, салата, леб и неограничено пиење на вино или сокови за време на ручекот. Посета на градот Касиопи и на враќање застанување крај пештера и посета на истата. ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ е 27 евра по лице.
Дополнителни факултативи:
- Крстарење на Паксос и Антипаксос – целодневно крстарење до светски познатите мали острови кои се познати по неверојатната тиркизна боја на морето и песок бел како брашно. Пауза на еден од островите и можност за ручек и капење. ЦЕНАТА на излетот е 30 евра по лице.
- АКВАЛЕНД – Посета на вториот по големина аквапарк во Европа, со безброј можности за адреналинско доживување, мрзлива река, безброј тобогани и уште многу интересни изненадувања ве очекуваат таму. ЦЕНА со превоз и влезница е 27 евра.