vila Elefteria, Olimpic Beach
Villa Elefteria се наоѓа во тивка улица и убаво уреден двор, на околу 150 мери оддалеченост од градската плажа и центарот на местото Олимпик бич. Од нејзините основни карактеристики, секако се издвојува местото за дружење или пречек на гостите при доаѓање и заминување, каде во нивна потреба се големата тераса и потребните содржини (тоалет, ладилник, решо…). Во својот состав вбројува и 16 убаво уредени (1/2, 1/3 и 1/4) студија, распоредени на приземје и трите ката од вилата. Сите студија се опремени со тоалет и мини кујна, клима и ТВ уред, како и сопствен балкон со тенда. Вилата има Wi-FI интернет согласно основните потреби за комуникација. Паркингот за сопствните возила е можен во непосредна близина на објектот.
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Употребата на клима уредoт се доплака 5еур на ден.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)