vila Teano,Kalitea
Вила “Theano”, се наоѓа во центарот на Калитеа односно на II пешачка улица и на околу 150m од плажа. Вилата располага со 1/3 студија (брачен и единечен кревет) и 3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални (брачен во едната и брачен и единечен во другата спална соба). Секое студио / апартман е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, фен, балкон (масичка со столчиња) со поглед на шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен интернет. Пиејќи го кафето на вашата тераса и прекрасниот поглед кон шеталиштето, имате чувство исто како да сте во некоја кафетерија.
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио и 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – Во студио, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата (на булеварот);
- – Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- – Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за туристичка такса 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- – Доплата за патничко осигурување.