vila Dimitra,Kalitea
Вила Димитра се наоѓа на околу 500 метри од плажа, веднаш до училиштето во Калитеа и на околу 2 минути пешачење до центарот.
Во нејзина близина се наоѓаат: продавници за храна, фурна, ресторани и игралишта за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40 м одалеченост каде се наоѓа бесплатен паркинг.
Содржина на студијата:
- Мини кујна со прибор за готвење и јадење
- Сопствен тоалет
- Балкон
- ТВ
- Клима (5€ на ден – се плаќа на лице место)
- Wi-Fi
Типови на студија:
- Трокреветни студија на приземје – бр.3 со три единечни кревети и бр.1 и 2 со еден двоен + еден единечен кревет
- Трокреветни студија на втор кат со еден двоен кревет и еден единечен со број 10 и 11.
- Четворокреветни студија – бр.8 на приземје со четири единечни кревети и бр.4 и 5 на прв спрат и бр.6 и 7 на втор спрат со еден двоен + две единечни,
- Петтокреветно студио – бр.9 со еден двоен кревет + три единечни кревети, лоцирано на прв спрат.
Промо термини:
- Првите три и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете:
- Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2026

Цените се за наем на студио за 7 ноќевања, во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари.
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Туристичка такса 2 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- -Велес (БП Макоил, Хотел Македонија) – 50еур по лице
- -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице




