vila Tea,Kalitea

Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плажата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 (2Возр+1дете) студија и 1/3+1(3возр+1дете)  студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.

-Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека брачното легло е со помали димензии. Студијата располагаат со брачно легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.

-Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во димензии од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното ( до 6 години ) спие со родител на поголемото легло. Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.

-Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.

GPS кординати: 40°4’32”N,23°26’41”E

-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024 (не важи за промо цените)

Цените се  за наем на студио за 7 ноќевања,  во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари.

  • За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Туристичка такса 1,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 45еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице