vila Eleni, Nea Roda
Eleni е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 50 метри од плажата во Неа Рода, веднаш над Maria Pashalidou. Располагаме со две 1/2+1 соби и еден четирикреветен апартман на прв кат. Собите имаат тераси со поглед на море и издвоена заедничка кујна, а апартманот има поглед во дворот на вилата. Кујната е целосно издвоена од двете соби и се наоѓа веднаш наспроти просториите на истиот кат во вилата. Целосно е опремена за да можат да ја користат две семејства-има два големи фрижидери со издвоен дел за замрзнување, два одделни мијалници, две мини решоа за готвење , комплетно е опремена со прибор за готвење и јадење. Во оваа просторија има и две помали масички. Кујната излегува на мала тераса која има поглед во дворот на вилата.Сите сместувачки капацитети имаат телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.
Напомена: Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може дополнително да се смести едно дете до 4 години.
Организиран превоз Скопје – Неа Рода:
Тргнување од Скопје во 04:00 часот
Цена на повратен билет
– 35 евра;
– деца до 2 години бесплатно (без седиште);
– од 2-12 год.-25 евра
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)