Nova Godina vo Pariz (avtobus)

28. Декември (сабота)                СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Виена во 19:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.29. Декември (недела)            ВИЕНА – БРАТИСЛАВА
Пристигнување во Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската куќа, Виенската  Опера, Дворцецот Белведере, Забавниот парк Пратер …  Можност за посета на дворецот Шенбрун – некогашната летна резиденција на Австроунгарската монархија. Слободно време за индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Братислава. Панорамски разглед на Братислава: Катедралата Св.Мартин, Замокот, Словачкиот народен театар, Михаилската порта, Старата градска куќа… Сместување во хотел. Ноќевање.

30. Декември (понеделник)          БРАТИСЛАВА – ПРАГА
Појадок. Заминување за Прага. Попатна посета на Прага. Панорамски разглед на градот: Старо место: Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париска улица, плоштадот Старо место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската кула, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Уневерзитетот на Карло четврти, Вацлавски намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито… Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќно возење кон Париз.

31.Декември (вторник)               ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… слободно време за индивидулани активности и прошетки, или  полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило. Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Можност за индивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.

01. Јануари (среда)      ПАРИЗ
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Попладне, факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула, продолжува со вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.

02. Јануари (четврток)                         ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Слободно попладне за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”…Ноќно патување кон Минхен.

03.јануари (петок)                     MИНХЕН
Пристигнување во Минхен во утринските часови. Панорамски азглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен за индивидуални прошетки и шопинг. Сместување во околината на Минхен. Ноќевање.

04.Јануари (сабота)                  САЛЗБУРГ – СКОПЈЕ
Појадок.  Заминување кон Македонија со попатна посета на Салзбург. Панорамски разглед на градот: Дворецот Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, надбискупска резиденција… Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

05. Јануари (недела)                           СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови…


Цена на аранжманот: 

“BASIC” 289€ за резервации до 31.10.2019 
“BASIC” 299€ основен пакет
“STANDARD” 319€ разглед на градот со локален водич и разглед на Париз и неговите најзначајни знаменитости (со метро)
“SUPERIOR” 369€ со вклучени разгледи на Париз, Версај , Лувр

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– 1 ноќевање со појадок во Братислава, Хотел 3*
– 2 ноќевања со појадок во Париз, Хотел 2+*
– 1 ноќевање со појадок во околината на Минхен, Хотел 3*
– Организирани разгледи на Виена, Прага, Братислава и Минхен
– Придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Задолжително Патничко осигурување
-Организиран панорамски разглед на Париз со локален водич  (15€)
-Организиран разглед низ Париз со метро на 01 Јануари  (10€)
( Монтмартр, квартот Пигал, Ајфелова кула, крстарење по Сена)
-Во цената не се вклучени влезници во Ајфелова кула и крстрење по Сена
-Посета на Лувр со локален водич, резервација и влезница (30€)  *резервација и уплата при продажба
-Посетата на Версај, превоз, резервација, водич и влезница: (35€) *резервација и уплата при продажба
-Туристичка такса која се плаќа директно на рецепција во хотелите 1-2,5€ по лице од ноќ.
-Билети за превоз со метро
-Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ