Nova Godina vo Barcelona

30.декември (понеделник)    СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:30 часот.  Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот. Ноќевање.

31.декември (вторник)        БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на Барселона: авенијата Diagonal која Барселона ја дели на источен и западен дел, прекрасната катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија –  централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо – местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија (Plaza Espanya) на кој се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и “Магичните фонтани” со величествена игра на вода, светлина и музика, плажата Барселонета, Шпанското село (Pueblo Espanol) комплекс на градби во разни архитектонски стилови од цела Шпанија… Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта дочек на Новата Година на некои од плоштадите на Барселона. Ноќевање.

01.јануари  (среда)                БАРСЕЛОНА (парк Гауди)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Guell” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антонио Гауди .Прекрасните медитерански градини и специфичните фигури, препознатливи по својата уникатност, денес се дел од листата на светското културно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите Гаудиеви згради: “Casa Mila” и “Casa Batllo”. Попладне препорачуваме поршетка низ Готскиот кварт, срцето на стариот град на Барцелона, со познатата Катедрала, Улицата на Кралевите со средновековните згради, , плоштадот “San Jaime”… Ноќевање.

02.јануари  (четврток)                БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативен излет до Фигерас и Герона – посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3D колажи, како и приватната колекција на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar… Слободно време за кафе пауза. Вечерта, факултативна вечер со Фламенко шоу. Ноќевање.

03.јануари  (петок)         БАРСЕЛОНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфијалната Порта, Главниот парк со неговите градини…  Можност за посета на многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. А за љубителите на фудбалот, можност за посета на Ноу Камп. Попладне трансфер до аеродормот во Барселона. Лет за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување во Скопје после полноќ во 23:55 часот, наредниот ден.


Цена во претпродажба: 469 € (29.078,00 мкд)
Цена на аранжманот: 499 Є (30.938,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено :
– Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје (со Wizz-Air)
– Трансфери во Барселона, на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во “Hotel Madanis” **** , на база 4 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Барселона со водич
– Организирани посети на паркот Гауди, прошетки до Олимпиското пристаниште, Годскиот кварт… (без вклучени влезници за музеи и културно историски споменици)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Туристичка такса 1.5€ на ден.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Аеродромски такси  (60€)
– Факултативна вечера со Фламенко шоу (55€) – со метро
– Факултативна посета на Фигерас и музејот на Салвадор Дали (со вклучена влезница) и Герона (80€) / за минимум 15 пријавени патници
– Влезници во објектите и културно историски споменици: Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,
– Пријавен багаж до 20кг – ______мкд по правец
– Пријавен багаж до 32кг – _______мкд по правец
– Доплата за 1/1 соба 152€

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ