Nova Godina vo Budva

НОВА 2027 ГОДИНА во Будва

сместување во хотел   MB 3*  во  центар на Будва 

Tермин: 30 Декември 2026 | 4 дена | 2 ноќи | Автобус

1ден 30.12 (среда)  МАКЕДОНИЈА – БУДВА
Поаѓање од Македонија од повеќе Градови: Штип (Нова Пошта) 22:00  | Св.Николе (Овче Поле) 22:20  | Велес (Бензинска Макпетрол-кружен тек на влез) 23:00 и Скопје (Автобуска постројка спроти хотел Континентал) 23:45 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден 31.12 (четврток) БУДВА – ДОЧЕК НОВА *2027* ГОДИНА со  ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ
Пристигнување во Будва во предпладневните часови. Сместување во хотел MB кој се наоѓа на одлична локација во Будва. Слободно попладне  за одмор и индивидуални прошетки низ Будва (Кејот на познатата Словенска плажа, посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии). Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови (индивидуално). Во најлудата ноќ ќе настапат познати музички звезди, и популатната звезда – Жељко Јоксимовиќ. (Факултативно, Дочек на Нова Година во Тиват со познатата музичка звезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Доплата за трансфер 10€). Ноќевање.


3ден 01.01.26 (петок)  БУДВА – ДУБРОВНИК – БУДВА
Заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник, кој представува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Се патува преку Тиват со траект. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Потоа следи враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. На првиот ден на 2027 посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на познати музички звезди. Ноќевање.


4ден 02.01.26 (сабота)  БУДВА – КОТОР – ТИВАТ – ПОРТО МОНТЕНЕГРО – МАКЕДОНИЈА
Денот го започнуваме со факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котори живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.


Цена на аранжманот:  145€ / 8.990мкд

Промо цена:  125€ / 7.750мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на дадената релација;
– 2 ноќевања во >  MB Hotel 3*  < во Будва;
– Организација, реализација на програмата;
– Пратител на групата.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Целодневна посета на Дубровник   35€;
– 
Посета на Котор, Тиват – Порто Монтенегро   25€;
– Организиран трансфер од Будва до Тиват на 31.12 за настапот на Цеца – 10€ (минимум 25 патници);
– Задолжителна туристичка такса 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција);
– Патничко и здравствено осигурување.
– Доплата за избор на седиште во автобус 20€ во два правци.
– Доплата за еднокреветна соба +90€;
– Дете од 2 до 12  години  плаќа  105€ (добива редовно легло и седиште во автобус).
– Влезници за музеите и културно историските споменици;

 * ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ОД: СТРУМИЦА И РАДОВИШ 10€ по лице во два правци.
 – Струмица (Бензинска Макпетрол на влез 21:00ч) | Радовиш (Бензинска Лукоил 21:30ч).