8mi Mart vo Kipar

1 ден: (08.03 – недела) – СКОПЈЕ – ЛАРНАКА – КИПАР

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар или неговата ,,душа”. По сместувањето предвидено е разглед на градот со прошетка низ најпознатата улица во Ларнака во строгиот  центар на градот “Finikoudes”,  посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот, како и посета на Тврдината изградена за одбрана од пиратите која се наоѓа на самото пристаниште. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.

2 ден: (09.03– понеделник) –НИКОЗИЈА                                                                                                           

Појадок.Факултативна  посета на Никозија,главниот град на Кипаркоја локално се употребува под името Левкозија..Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија , па затоа градот го нарекле Никозија Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути е посебно искуство.Северниот дел се наоѓа во Турска , Република Северен Кипар.. Старото име на градот е Ледра . Прошетка низЛедра која денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозијакако и прошетка низ уличката  Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа  и тесни улички .Потоа се посетува и Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција. Посета на некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија. Прошетка во делот на градот полн со  автентични продавнички, ресторани, пазари … Посета на Бујук Хан, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција.. слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Враќање во хотел. Слободни активности.Ноќевање.

3 ден: (10.03 – вторник ) –  ЛИМАСОЛ

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факулатитвна прошетка низ Лимасол. Лимасол е вториот град по големина на Кипар. Мештаните го нарекуваат и ,,Кипарска ривиера”поради пријатната клима, гостопримството и развиената туристичка инфраструктура. Лимасол е градот со најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и голем број на маркети. На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето.. Слободно време за прошетка низ Лимасол и активности по желба.Враќање во Ларнака. Ноќевање .

4 ден: (11.03 – среда) –ЛАРНАКА– СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 07:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 10:00 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 11:20 часот локално време.

ЦЕНА269 евра со вклучени аеродромски такси

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел на сама плажа во центар на Ларнакана база ноќевање со појадок – Sun Hall Beach Hotel&Apartments 3*
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)850 ден по правец
  • Туристичка такса –186денари по лице за 3 ноќи  (1 евро по ноќ по лице)
  • Факултативна посета наНикозија– 25евра
  • Факултативна посета на градот Лимасол –  25 евра( пакет цена за двете  факултативи  – 40 евра)
  • Патничко осигурување без франшиза -200 денари

НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО