Kipar 2020
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1. ден СКОПЈЕ – КИПАР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:00 часот и чекирање на багажот за лет (W67767) кон Кипар во 17:50 часот. Слетување на аеродромот во Ларнака во 21:10 ч. по локално време. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер до местото и резервираниот објект за престој. Сместување во собите и слободно време за одмор. Ноќевање.
од 2. до 7. ден КИПАР (Ларнака, Агиа Напа или Протарас)
Денови за одмор и уживање во убавините на Средоземното Море, со престој во објекти и хотели (по избор), лоцирани во туристичките места на Кипар. Можност за факултативни екскурзии и посети, во организација на локалната – партнер агенцијата (информации при продажба, или кај претставниците на Кипар).
8. ден КИПАР – СКОПЈЕ
Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Ларнака. Ослободување на собите до вообичаеното време во 12:00 часот на пладне. Можност за користење слободното време од денот за одмор на плажа, или пак локални прошетки. Трансфер кон аеродромот во Ларнака и предавање на багажот околу два часа пред лет. Полетување за Македонија со лет (W67768) во 21.45 ч. Пристигнување во Скопје во 22:55 часот по локално време.
Локација: Хотелот е лоциран во централниот дел на Ларнака, оддалечен само 100 метри од познатата плажа Финикудис.
Содржини и сместување: Собите се опремени со тераса, клима, сеф, сет за кафе, мини бар, ТВ и Wi-FI интернет.
Услуга: ноќевање со појадок
Напомени: Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице (авио билет, аеродромски такси, трансфери и сместување) за наведените термини и престој на база 7 ноќевања со појадок.
Напомени: Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице (авио билет, аеродромски такси, трансфери и сместување) за наведените термини и престој на база 7 ноќевања, во единица сместување според број на лица.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 7 ноќевања во објект или хотел по избор со наведената услуга.
* Авио билет со превозникот “Wizzair” на релација: Скопје – Ларнака – Скопје
* Локален трансфер на Кипар: аеродром – хотел – аеродром
* Аеродромски такси
* Мал багаж: рачна торба или ранец
* Организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Дополнителен багаж, со можна доплата според ценовникот на авиокомпанијата “Wizzair”
* Патничко и здравствено осигурување
* Факултативни екскурзии и посети, како и други непредвидени трошоци.