vila Selena Mare, Paralia

Се наоѓа во новиот, северен дел од Паралија, недалеку од новоизградените спортски терени, а од централната улица Паралија е околу 400 метри, додека поширокиот песокчен дел на плажа е на растојание од 270 метри. Вилата располага со бесплатен паркинг.
Вила е изградена во 2008 година. Сите сместувачки единици се опремени со кујнски прибор (опремен со основен прибор), клима уред, телевизор, бања, балкон.
Замена на постелнина е еднаш за време на престојот на гостите.
Крпи, тоалетна хартија, сапун си обезбедуваат самите гости.

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Едно дете до 12 години може да користи заеднички кревет, бесплатно.
Еднокреветна соба: Кога едно лице користи двокреветно студио, има попуст од 20%.
Доплата за клима уред 5€ на ден ( се плаќа во вилата )
Туристичка такса 0,50 центи на ден за соба (се плаќа во објектот)