vila Dimitris, Nea Pantelimon

Вила Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажа. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија/апартмани. Сите студија/апартмани се опремени со бања, комплетно опремена кујна, ТВ, тераса. Користење на клима уредотинтернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената. Вилата се наоѓа во мирен дел опкружена со зеленило и со двор од преку 3.000м2, како и свој сопствен паркинг. Во градината  има опрема за скара која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки во тревата. Вилата е многу години омилена дестинација во изборот на туристите кај нас. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.

1/3 студија број 32, 34 и 36 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Овие студија гледаат кон задниот дел на вилата и имаат помали тераси опремени со маси и столови.

1/3 апартман број 24, 25, 26 и 29 – голема зграда. Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартман број 24 се наоѓа на приземје и има своја тераса опремена со маси и столови и гледа кон дворот на вилата. Апартманите број 2526 и 29 се на прв кат. Број 29 има своја тераса а 25 и 26 имаат заедничка тераса опремени со маси и столови и гледаат кон влезот на вилата.

1/3 студија број 31, 33, 35, 37 и 38 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Студијата 3133 и 35 гледаат кон патот кој води кон градината на вилата и имаат поголеми тераси опремени со маси и столови. Студијата 37 и 38 гледаат кон влезот на вилата и имаат најголеми тераси опремени со маси и столови.

1/3+1 апартмани број 22, 23, 27 и 28 – голема зграда. Располагаат со брачен кревет, 1 стандарден единечен кревет  + софа на извлекување. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартманите број 22 и 23 се наоѓаат на приземје, имаат сопствена тераса со маса и столови и гледаат кон дворот, број 27 и 28 се наоѓаат на прв кат, имаат своја тераса со маси и столови и гледаат кон дворот на вилата.

1/3 апартмани број 39 и 40 – Приземје – мала зграда. Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Имаат сопствена трем – тераса која гледа кон дворот на вилата.

1/4 апартмани број 41 и 42 – Прв кат – мала зграда. Располагаат со брачен кревет + 2 единечни стандардни кревети. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Имаат сопствена тераса опремена со маса и столови која гледа кон дворот на вилата.

 40.01591, 22.58926

 

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ .
  • Во вонсезонските цени во студио/апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени  капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. 
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.