vila Partenis, Pefkohori

ВилаПартениссе наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.

Апартман бр. В1 – Се наоѓа на приземје со голема тераса со поглед кон двор. Располага со два единечни кревети во спална и два единечни кревети во кујна.

Апартман бр. В4 – Се наоѓа на првиот спрат со голема тераса со поглед кон двор. Располага со три единечни кревети во спална и софа во кујна.

Апартман бр. B6- Се наоѓа на вториот спрат. Располага со два единечни кревети во спална и софа во кујна.

Апартман бр. В7 – Се наоѓа на вториот спрат со голема тераса со поглед кон улица и страничен поглед море. Располага со два единечни кревети во спална и софа во кујна.

 Попуст 12 % за 50 % уплата заклучно со 08.03.2024

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)