vila Haris, Nea Flogita
Куќа „Харис“ е лоцирана централно во Неа Флогита, на шеталиштето кое се наоѓа на плажа, поточно, на прва линија до море. На првиот кат се наоѓаат трикреветно студио со страничен поглед, четирикреветен и петкреветен апартман со директен поглед кон море. Собите се релативно нови, со големи комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, со сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Околу куќата има барови, таверни, бутици, маркет.
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
- Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 2170 мкд. (35 евра)
- За деца до 12 години 1550 мкд. (25 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште