vila Galanis, Afitos
Куќа „Галанис“ е лоцирана долу на плажата во Афитос. Има голем, уреден, прекрасен двор од двете страни на куќата. Сите соби имаат директен поглед кон море. Сместени се на приземје и на прв кат. Двокреветни студија со два одвоени кревети и со можност за дополнително трето легло, во 5 соби. Веднаш до неа има приватен, затворен паркинг само за гостите на куќата. Опремена е со квалитетен мебел, кујна, сопствен тоален, ЛЦД-телевизори, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Околу неа има барови и таверни.
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќање 1 евро = 62 мкд.
- Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз,
- дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
Превоз:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште