Toroni Studios (ex Toroni Apartaments)
Вила Торони Студиос (ex. Toroni Apartments) е објект со одлична централна локација, на сама плажа во Торони.Вилата располага со убаво уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во својот состав брои 12 сместувачки единици, студија за самопослужување од кои 6 се на прв кат, а 6 се на втор. Секое од студијата е опремено со одвоена кујна, со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно), брачен кревет и единечен кревет, во некој од студијата има можност за допoлнителен кревет на расклопување (со доплата 5€ од ден). Структурата на студијата е 8 соби со директен поглед кон море (STD SV), 2 со страничен поглед кон море (STD SSV) и 2 студија се со балкон на пролаз (STD ECO).
Забелешки: вилата моментално е во процес на реновирање, дополнително ќе објавиме нови фотографии (нова фасада, реновирани тоалети и кујни, нова инсталација, нови душеци и постелнина, нови телевизори).
За секоја соба има по 1 чадор и 2 лежалки бесплатно на плажа. Промена на постелнина на секои 3 дена.
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Турситичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ
* ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА ПЦР ТЕСТ.
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
ПОПУСТИ И ПРЕВОЗ:
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);