vila Evgenia, Jerisos
Куќата Evgenia се наоѓа на само 20 m од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и втор кат и сите се комплетно нови, прва година се во употреба и имаат целосно нов мебел. Сите имаат комплетно опремени кујни со електрични шпорети со рерни и фрижидери со одделни комори за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената (петкреветните дуплекс апартмани имаат телевизори и клими во секоја спална соба). Сите сместувачки капацитети имаат по две тераси со поглед во дворот или со поглед на улица. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата куќа е со сончеви колектори, а покриена е со бежичен интернет. Агенцијата не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во куќата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на куќата има простор за паркирање на возила. Забрането е внесување на домашни миленичиња.
Напомена: Апартманите се комплетно нови и ќе бидат прва сезона во употреба.
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)
Организиран превоз Скопје – Јерисос:
Тргнување од Скопје во 04.00 часот
Цена на повратен билет
– 35 евра;
– деца до 2 години бесплатно (без седиште);
– од 2-12 год.-25 евра