vila Tzouli 1, Jerisos
Куќа “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (еден дуплекс, два апартмани и три студија).
Апартманите и студијата се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).
Дуплексот број 1 и апартманите број 2 и број 3 се на прв кат над ординацијата со огромни, големи тераси, а студијата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад ординацијата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.
Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и
едната спална соба и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.
Апартман број 2 (1/5) – 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски кревет) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед на улица.
Апарман број 3 (1/5) – 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Сопствен тоалет со туш. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса која е со поглед позади во дворот.
1/2 + 1 студио број 4 – 1+1 единечни стандардни кревети (споени) и дополнително легло. Студиото има мала кујна со сите потребни елементи, како и тоалет со туш. Има уреден и заграден заеднички двор со другите студија, со своја маса, столови и чадор за сонце.
1/3 + 1 студио број 5 – брачен кревет и кревети на спрат. Студиото има мала кујна со сите потребни елементи, како и тоалет со туш. Има уреден и заграден заеднички двор со другите студија, со своја маса, столови и чадор за сонце.
1/3 + 1 студио број 6 – брачен кревет, стандарден кревет и кревет на извлекување. Студиото има мала кујна со сите потребни елементи, како и тоалет со туш. Има уреден и заграден заеднички двор со другите студија, со своја маса, столови и чадор за сонце.
Цена за наем на Апартман за 7 нокевања
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
Доплата за туристичка такса 1.50 евра по студио/апартман на ден, се плака на лице место.
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, без вклучен превоз.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
Туристичката Агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Цена за превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште