vila Vagia, Amudija
Вилата се наоѓа на почетокот на Амудија, мало рибарско место на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Амудија е мирно место сестено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бела песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Acheron. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор. Плажа 50 метри од градската плажа.
Вилата се состои од студиа и апартмани, опремени со сопствена кујна (опремена со прибор за готвење и јадење) тераса, тоалет, ТВ, клима со доплата од 4€ за студио и 6€ за апартман (на ден).
1/3 студио: на приземје, три редовни легла, од самата соба се излага на сопствена тераса која гледа према море и директно излегува во зеленило.
1/4 апартман: на 1ви спрат и гледа исто према море, погоден за 4 лица, составен од две простории со француски спален кревет и стандардни кревети
GPS Координати: 39.242180, 20.480588
Цените се за наем на Студио / Апп за 7 нокевања, изразени се во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1€ = 62 денари.
Термините обележани со црвено * се промо цени и на нив не следува попуст
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)
За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
Превоз:
Скопје (Дрводекор) 45€
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес 50€
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) 45€