Сивота припаѓа на регијата Теспротија, областа Епир во северозападниот дел на Грција. Сместена помеѓу Игуменица и Парга, во преубав архипелаг, каде што секоја увала крие убава плажа со кристално чиста вода. Доколку барате мирно место за одмор, а со сите потребни содржини, Сивота би можела да биде Вашиот избор. Центарот амфитеатрално се спушта кон морето, со поглед на 2 островчиња, а посебен впечаток му дава марината со десетици всидрени јахти и бротчиња. Сивота ја препорачуваме исклучиво за одмор со сопствен превоз од причина што плажите се оддалечени една од друга, а самото место е брдовито. До одредени плажи има и туристичко вовче, а може да се изнајми и чамец.
Вилата Kimon наоѓа на околу 300 m од марината и исто толку од плажата “Galikos Molos”, на извонредна локација на само 5 min. од марината. Улицата во која се наоѓа е мирна, што ви гарантира пријатен одмор. Неодамна е реновирана. Студијата се пространи со комплетно опремена кујна, купатило и тераси со гарнитури за седење. Поседува среден двор со скара и неколку заеднички гарнитури за седење. Има и сопствен паркинг во дворот отспротива.
GPS KOORDINATI: 39°24’38.7″N 20°14’23.5″E
Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)
Такса за престој во приватно смесување во Грција, во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА: