vila Dina, Sivota
Vila Dina се наоѓа 150 м од марината и 350 м од плажата Galikos Molos.
Оваа вила, пред се се издвојува од останатите, поради своето опкружување. Без разлика што се наоѓа скоро во центарот на летувалиштето, истовремено ќе имате чувство дека сте на мирно и скриено место, пред се поради опкруженоста со бујна вегетација, но и со камен ѕид, што и дава посебна приватност и ви овозможува да се опустите и несметано уживате. Вилата нуди ѕидана скара во дворот, со камени маси и гарнитури за седење. Поседува само 4 идентични апартмана, два на приземје и два на прв кат. Сопствениците се потрудиле да го задржат традиционалниот епирски стил на куќите, при опремување на партманите. Препорака е за семејства, како и за поголеми друштва… Секој од апартманите има спална соба со француски или два единечни споени легла, ТВ, балкон, клима, вклучена во цената, бежичен интернет, во кујнскиот дел уште два единечни легла, кујна со трпезариска маса, решо, мал фрижидер, садови и прибор. Промена на пешкирите и остелнината е еднаш во текот на престој. Паркирањето е на улицата, околу вилата, според расположивоста.
Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)
Дете до 3г. може да престојува без сопствен кревет.
Климата вклучена во цената.
Такса за престој во приватно смесување во Грција, во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).