vila Zevs, Ipsos,Krf

Вилата Зевс се наоѓа на 400метри од плажата во Ипсос, во мирниот дел на туристичкото место Пирги. Вилата Зевс е голем комплекс од два објекта кои се опкружени со природа, цвеќиња и зеленило, а во неговиот двор се наоѓа прекрасен базен и лежалки за гостите. Студијата располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, телевизор, ви-фи интернет. Студијата располагаат и со клима уред кој може да се користи со доплата од 8 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на прв спрат, секоja со сопствена тераса и се комплетно реновирани. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност

GPS координати: 39.7066253, 19.8367495

Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице. 

 НАПОМЕНИ:
 Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2евро по соба на ден. Се плаќа во автобус.

  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
    • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
    • Дете од 3 до 10 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект
    • Дете од 3 до 10години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 30 евра за траект.

    ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

    • Check in во собите е после 16h по грчко време
    • Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери.
    • Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.