vila Atanasius, Ipsos, Krf

Вила Атанасиус се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 300м од одалеченост од главната плажа. Вилата располага со едноспални апартмани за две лица и дуплекс апартмани за четири лица. Апартманите имаат оделна кујна, купатило+ wc и балкон. Просториите немаат ТВ. Сите простории поседуваат wi-fi мрежа. Дел од дуплекс апартманите располагаат со два тоалети и два балкони. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети и ресторани. Битно е да се потенцира дека не во секоја кујна има рерна, во некои има само решо и дека одредени апартмани имаат поглед кон планината, а на некои кон улица. Апартманите не располагаат со клима.

39°42’24.5″N 19°50’17.8″E

Цените во табелата се изразени во евра, 1еур=62ден, и се дадени по лице за 7 ноќевања.

  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.

Што е вклучено во цената

– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања / 8 дена во вила Нина или вила Атанасиус
– Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

– Факултативни илзети
– Патничко осигурување
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

Попусти за деца:

  • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст (се однесува само на еден кревет во студиото)
  • Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
  • Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  • Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата.