vila Sunrise, Skijatos

Куќа „Санрајс“ е лоцирана на извонредна позиција во центарот на магичниот Скијатос, студијата кои се наоѓаат на првиот и на вториот кат имаат поглед кон морето. Опремени се со постар мебел, мала кујна, сопствени целосно реновирани тоалети пред летото 2017 година, интернет (во заедничката просторија) и клима која се доплаќа во објектот 5 евра на ден. Околу куќата се сите случувања, забави, активности како и маркети, таверни, бутици.

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

Напомени и услови:
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
Истите се по лице за пакет аранжман од 9, 10 или 12 ноќевања со вклучен автобуски превоз на релација Скопје – Волос (пристаниште) -Скопје, карта за траект Волос – Скијатос – Волос и трансфер до куќите
Трето и четврто лице доплаќаат во студио/апартман или дуплекс апартман според ценовникот  во табелата
Дете од 2-6 год,бесплатно сместување, плаќа само превоз 4.030мкд. (65 евра), деца од 6-12 години добиваат 15% попуст на цените од табелата за 3то и 4то лице
За аранжман со сопствен превоз се одбива 2.790мкд. (45 евра) за возрасни или деца
Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот (на паркингот спроти хотел “ Холидеј Ин”), аранжманот започнува следниот ден.
Автобуски превоз без аранжман по лице:
Возрасни 6.820мкд. (110 евра)
Деца до 12 години 4.030мкд. (65 евра)
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата.
Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман