vila Irini, Potos
Оваа преубава вила располага со просторни студија и апартмани кои се наоѓаат до хотелот Потос кој ги дели базен. На базен капењето е бесплатно за гостите, може да се користат чадори и лежалки, доколку се конзумира некој пијалок. Сите апартмани и студија поседуваат тераси со гарнитура за седење според бројот на гостите и гледаат спрема пешачката улица.
Вилата се наоѓа во самиот центар на Потос на 150 метри од плажата. Студијата 02 се сместени на први спрат и поседуваат два споени стандардни кревети, кујски дел (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), ТВ,клима (вклучена во цена), купатило со туш-када и тераса. Студија 03 и 04 се сместени на први спрат и поседуваат два споени стандардни кревети и кревет на спрат. Се останато е како во студио 02.
Апартмани 04 се сместени на први и втори спрат, поседуваат две одвоени простории со премин (не се одвоени со врата). Во едната просторија има француски кревет, ТВ, клима (вклучена во цена) и излез на тераса, а во другата просторија се два стандардни кревети, кујнски дел (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите) и купатуло со туш-када.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ, БЕЗ ПРЕВОЗ
Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)
Тур.такса се плака на лице мсто.
– Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
-Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот