Santorini, paket aranzman
КАМАРИ – hotel ALIA 3* (пакет аранжман)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1.ДЕН : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 17.00 часот. Поаѓање за Грција во 17.15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2.ДЕН : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.25 часот (локално време). Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Трансфер од пристаниште до Камари. Сместување во хотел. Ноќевање.
3.ДЕН до 6.ДЕН : САНТОРИНИ Слободно време за одмор или уживање на некоја од прекрасните плажи на островот…Kamari, Perissa, Vlyhada, Red Beach (Acrotiri), White Beach, самостојно истражување на овој прекрасен остров, или имате можност за користење на некој од факултативните излети кои ќе Ви се понудат од страна на придружникот на патувањето или нашата партнер-агенција во Камари…истите ќе ги најдете подолу во оваа програма.
7.ДЕН : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно време се до времето закажано за трансфер од истиот до пристаниште, каде имаме чекирање и сместување на фери. Поаѓање од Санторини во 15.25 часот. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 20.400,00 денари ( 329 €)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Превоз (автобус или минибус) на горенаведената релација, 5 ноќевања во хотел со 3* во Камари (сместување во студиа, опремени со кујна, ТВ, ТВЦ, балкон), трансфер со фери брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа, трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште, пратител на група, организација – водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (210,00 денари по лице).
ДОПЛАТИ :
– Доплата за еднокреветна соба : 100 € (6.180,00 ден.)
– Прво дете во 1/2 студио, до 7 год. кое не користи кревет, а е со 2 возрасни лица – плаќа : 204 € (12.650,00 ден.)
– 2 деца до 7 год. во 1/3 студио, а се со 2 возрасни лица, плаќаат 50% од цената за возрасни.
– Доплата за појадок : 5 € по лице на ден (се плаќа на лице место, т.е. на рецепција)
– Доплата за трансфер на патници од : Скопје, Велес, Струга, Охрид, Кичево – 10 € по лице.
НАПОМЕНА :
– Сместувањето е во 1/2 и 1/3 студиа (опремени со кујна, ТВ, ТВЦ, WI-FI, клима и балкон).
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 14 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– При резервација, обавезна уплата од 30% од аранжманот, додека остатокот се уплаќа 10 дена пред поаѓање.
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО – хотел АЛИА (www.aliasantorini.com)
Хотелот се наоѓа на околу 400 м. од прекрасната вулканска плажа во Камари, класичен 3* хотел, кој располага со 1/2 и 1/3 хотелски соби и студиа. Студиата располагаат со кујна, ТВ, ТВЦ, кима и балкон. Хотелот располага со откриен базен, џакузи, лежалки околу базенот и pool-bar…
ТЕРМИНИ на ПОАЃАЊЕ :
11.07.2020; 21.07.2020; 31.07.2020;
НАПОМЕНА : Наведените датуми се однесуваат на датумот на ПОАЃАЊЕ од Македонија, услугата започнува НАРЕДНИОТ ден.