Nova 2026god. vo Belgrad

ПРВ ДЕН 30.12.2024 (понеделник)
Состанок на групата по договорено време тргнување за Белград во 01.30 часот. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 31.12.2024 (вторник)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Галерија. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме  во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 01.01.2024 (среда)
Појадок. 
После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центарот на градот.  Поаѓање кон Белград. Враќање во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.01.2025 (четврток)
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон пристаништето каде што има можност за факултативно крстарење со брод по Дунав или слободно време за прошетка покрај кејот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15ти Декември:  15 / 9.860 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  180  / 11.160 денари

Што е вклучено во цената

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Посета на шопинг центарот Галерија
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Србија

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување 270 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 1е од ноќ по лице
  • Факултативен излет до Нови Сад – 25 евра по лице
  • Kрстарење со брод по Дунав 1 час –15 евра по лице
  • Влезници во културно/историски спомени