8ми Март во Луковска Бања

1.Ден 06.03.2021 (Сабота)   СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек. Слободно попладне одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 07.03.2021 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, доколку временските услови се поволни, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 08.03.2021 (Понеделник)   ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот  – 129€/7.998мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел “Јелак 4*” на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера класично послужување).

– Користење на надворешени внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C.

– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).

– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.
– Туристичка такса.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување.

– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:

– Дете 2-4,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање).

– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен, 70€/ 4.340ден (на барање).

– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума(на барање).

– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање).

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

 

Напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.

-Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.

– За ова патување не е потребен PCR тест.

  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.