8ми Март во Врњачка Бања (I)
8ми Март Врњачка бања – Манастир Жича – Ниш
1 ден 05.03.2021 (Петок) Скопје-Врњачка Бања
Пристигнување во пладневните часови, сместување во Хотел Крал 3* http://www.hotelkralj.rs/wellness/ . Време за одмор и слободни активности, како и користење на спа центарот во хотелот. Во попладневните часови посета на изворите . Враќање во хотелот и организирана свечена вечера. Ноќевање.
2 ден 06.03.2021 (Сабота) Врњачка Бања – Манастир Жича
Појадок. После појадокот , слободно време за користење на спа центарот. Во попладневните часови посета на минералните извори. Црквата Пресвета Богородица, Врњачките паркови , Мостот на љубовта, старите врњачки вили итн. Во вечерните часови враќање во хотелот. Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево (10 Еур). Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква.Ноќевање
3 ден 07.03.2021 (Недела) Врњачка Бања – Ниш
Појадок. Можност за претпладневно користење на хотелскиот СПА центар или прошетка низ прекрасното гратче. Одјавување од хотелот. Тргнување за Македонија во пладневните часови, попатна пауза и разглед на преубавиот Ниш со можност за шопинг. Враќање во Македонија во вечерните часови.
Цена на аранжманот со вклучен превоз:
119 евра по лице /7,378 денари
*Деца до 7 години бесплатно
*Деца од 7- 11.99 години плаќаат 69 евра / 4,278 денари. Сопствен превоз -20 Еур.
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– 2 ноќевања на база на ноќевање со појадок во хотел Краљ 3* Врњачка Бања http://www.hotelkralj.rs/
– свечена вечера со пијалок
– Kористење на:
внатрешниот базен , џакузи, солена соба, Парна Бања, Калдариум. Тепидариум, ”Руска” Спа ,”Финска” Сауна
*Услугите на спа центарот можат да се користат од 10-21 часот
-Превоз со туристички автобус
– Организиран повратен трансфер од хотелот до бањите
– Организација и придружник на патувањето
– Посета на Ниш