8ми Март во Копаоник
КОПАОНИК – НИШ – ПРИШТИНА
КОПАОНИК е најпознат туристички скијачки центар, најголем планински масив и Национален парк во Србија.
БРЗЕЧЕ е туристичка населба во подножјето на Копаоник, на само 15 км од самиот ски – центар Копаоник.
05.03.21 Поаѓање во 4 ч. преку Г. П. Табановце, посета на Ниш – каде може да се посетат: Нишката Тврдина на брегот на реката Нишава, Череп Кулата изградена со глави на српските востаници – (952 глави сега останати 58), казанџиското сокаче, споменикот на ослободителите на Ниш на плоштадот Крал Милан. Се поаѓа за Копаоник, сместување во вила Иванович-Брзече.Слободно попладне за скијање како и за прошетка во туристичката населба. Вечера. Ноќевање.
06.03.21 Појадок. Целодневен излет до Ски центарот – Копаоник, каде имаме можност да уживаме во убавините на ски центарот: скијачките терени – стазите, рестораните, баровите, хотелите.А има можност и за скијање за љубителите на зимските спортови.Попладнето враќање во Брзече. Вечера. Ноќевање.
07.03.21 Појадок.Слободно предпладне за скијање ,како и за прошетка низ ски центарот Брзече и Копаоник.Попладнето поаѓање за Македонија преку Косово со попатна посета на главниот град Приштина, каде може да се видат знаменитостите: Сахат кулата, плоштадот Мајка Тереза, градската Чарши Џамија, царската џамија Фатих како и посета на трговскиот шопинг центар – Алби мол. Се продолжува за Македонија преку г. п. Блаце и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 4600 денари
Во цената е пресметано:
– автобуски превоз на дадената релација според протоколот за превоз
– сместување во вила Иванович – Брзече – 2 полупансиони
– лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е пресметано :
-патничко здравствено осигурување – 150 ден
– влезници за посетите, ски карти и други неспоменати услуги
Напомена: Рок на пријавување до 25.02.21 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.