8ми Март во Златибор(2)
ВРЊАЧКА БАЊА – ЗЛАТИБОР – МОКРА ГОРА – СИРОГОЈНО
05.03.21 Поаѓање во 00:15 ч. за Србија преку Табановце, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во утринските часови во Врњачка Бања – посета и прошетка во најпопуларната Бања во Србија, при што ке се видат: минералните извори Снежник, Топла вода, Мостот на вљубените, маскотата Гочко. Попатна посета на манастирот Жича каде се крунисувале многу српски кралеви и кнезови. Продолжување за Златибор – најубавиот летно – зимски центар во Србија, сместување во хотел. Слободно попладне во Златибор за прошетка. Вечера. Ноќевање.
06.03.21 Појадок. Целодневен излет до Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица – изграден за филмот “Животот е чудо”, како и единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Шарганска осмица – тоа е музејско – туристичка железница со тесен колосек од 760 мм, која е направена од Австро – Унгарија од 1902 – 1906 г. Тоа е една од најубавите траси во светот, низ карпести теснеци, каде пругата прави форма на 8 – ка, поминува низ 22 тунели и 10 мостови и вијадукти. Потоа враќање во Златибор. Вечера. Ноќевање.
07.03.21 Појадок. Предпладне факултативно излет до Сирогојно – село познато по музејот на отворено “Старо село”, каде се собрани дрвени куќарки од околината на Златибор и црквата Брвнара посветена на св. Петар и Павле. Враќање во Златибор а попладнето поаѓање за Македонија со попатна пауза во Крушевац – престолнина на Кнез Лазар кој што ја водел Српската војска во Косовската битка. Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови.
ЦЕНА: 5600 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– превоз со туристички автобус на наведената релација според протоколот за превоз
– сместување во конак – х. Брача Секулиќ во Златибор – 2 полупансиони – –
придружник на екскурзијата
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– полудневен излет со влез во музејот Сирогојно – 10 еур
– целодневен излет до Мокра Гора со влез во Дрвенград – 10 еур – патничко здравствено осигурување – без франшиза – 150 ден
За реализација на програмата потребен е минимум од 30 патници.
Збогатете ги вашите доживувања со едно неаборавно патување.