8ми Март во Чешме, Турција

Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште. Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи.

1.Ден05.03.2021 (Петок)СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ 

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30часот. Поаѓање за Турција во 14.00 часот. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија, со попатни кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности, патување проследено со музика и филмови.

2.Ден 06.03.2021 (Сабота)ЧАНАККАЛЕ –ЧЕШМЕ

Во раните утрински часови пристигнување во Ечебат и преминување на протокот Дарданели со фериброд до Чанаккале. Патот продолжува со неколку попатни застанувања за краток одмор. Пристигнување во Чешме во попладневните часови и сместување во хотел. По сместувањето краток одмор и можност за факултативен разглед на градот Чешме со локален водич со доплата.

  • ИНКИЛАБ главна пешачка шопинг улица, реновирана 2012год.
  • ЗАМОКОТ парче историја задолжително за посета на секој турист кој доаѓа воЧешме.
  • СПОМЕНИК НА ГАЗИ ПАША СО ЛАВ – поставен до самата тврдина каде може да се направифотографија.
  • КЕРВАНСАРАЈ изграден 1529 год.од oтоманскиот СултанСулејманВеличенствениот. Оваа градба откако е реставрирана е претворена во хотел, иако не се престојув аво овојхотел има можност да се влезе низ големите Порти и да се прошета низ дворот.

        – ПРЕСТИЖНАТА МАРИНА НА ЧЕШМЕ – Тотален капацитет од  500 места за бродови.

По завршување на разгледот, слободно време за индивидуални активности и прошетки. Враќање во Хотел.(Вечера само во хотел Пирил). Ноќевање.

3.Ден07.03.2021 (Недела)ЧЕШМЕ –  АЛАЧАТИ – ИЛИЏА ПЛАЖА – ЧЕШМЕ

 Појадок. Ден предвиден за факултативна посета со локален водичод партнерите на Ваикики во Турција, на живописното гратче Алачати. Започнуваме со прошетка од Ветерниците низ уличките на Алачати, бисерот на полуостровот Чешме, мало традиционално место, обоено со камени куќи во пастелни боли, живописни тесни улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и орнаменти. Алачати е град бутик, совршено уреден, познат по прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на услугите на хотелот (внатрешен термален базен само во хотел Пирил).(Вечера само во хотел Пирил). Ноќевање.

4.Ден 08.03.2021 (Понеделник) ЧЕШМЕ –КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА – ЕФЕС –  СВ. ЈОВАН – ЧЕШМЕ

 Појадок. Ден предивден за целодневна факултативна посета на светите места на Егејска Турција. Поаѓаме рано наутро, од Чешме до Ефес има околу 2 часа возење. Разгледот на Ваикики е со локален водич и се посетуваат следните места:

  • КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА: Започнуваме со посета на крстилницата, потоа продолжуваме кон куќата на Дева Марија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Застануваме до место каде може да се купат локални сувенири. Кратка тоалет пауза. Пешачкиот разглед трае околу 1 час, препорачуваме удобни обувки.

        -ЕФЕС АНТИЧКИ ГРАД: По посетата на куќата на Дева Марија, со автобусот се симнуваме до Античкиот град ЕФЕС.

  • СВ. ЈОВАН БОГОСЛОВ: Патувањето продолжува со автобус до црквата Св. Јован во Селџук. Овде ќе се задржиме околу 1 час.

По завршувањето на посетите предвидени од оваа факултатива се враќаме во хотел. (Вечерасамо во хотел Пирил). Ноќевање.

5.Ден 09.03.2020 (Вторник) ЧЕШМЕ – ШОПИНГ МОЛ ИЗМИР – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Македонија со попатна посета на шопинг мол во Измир. Пауза од 3 часа. По посетата на шопинг центарот, патувањето продолжува кон Скопје. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови, во зависност од задржувањата на граничните премини.

-Цена “Hotel Saatli 3*” до 10.02.2021 – 149€/ 9.238 мкд

 Редовна цена “Hotel Saatli 3*” – 169€/ 10.478 мкд

 

 –Цена “Hotel Piril 4*”до 10.02.2021 – 186€/ 11.530 мкд

  Редовна цена“Hotel Piril 4*” 199€/ 12.340 мкд

*Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација.

– Трансфер со фериброд до и од Чанаккале.

– Сместување во Хотелпо избор на база 3 ноќевања на наведената услуга.

**** Хотел Пирил  – Појадок и Вечера, бесплатно користење внатрешен базен.

*** Хотел Саатли  – Спиење со Појадок

– Едно шише 0,5 флаширана вода по патник на ден.

– Попатна посета на Шопинг Мол во Измир.

– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително здравствено и патничко осигурување.

– Разглед на Чешме со локален водич – 15€

– Факултативна посета со локален водич Алачати и Плажата Илиџа – 15€

– Факултативанапосета Куќата на Дева Марија, Ефес, Св. Јован– 45€

– Индивидуални неспоменати трошоци.

– Туристичка такса 2€ по лице од ноќ.

*** ПРОМО пакет за пријава на сите факултативи 65€ !!!

 

Важни напомени:

-За реализација на патувањето потребен е минимум од 25 патници, односно 50% пополнетост од капацитет на седишта во автобус,според протоколот за автобуски сообраќај.

– За ова патување не е потребен PCR тест.

– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.