8ми Март во Врњачка бања (II)
8 МАРТ ВО ВРЊАЧКА БАЊА
(06-07/03/2021)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 Ден – Сабота (06.03.2021)
Поаѓање за Врњачка Бања во раните утрински часови. Попатни кратки паузи за царински формалности и освежување. Пристигнување во Врњачка бања и сместување во хотелот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Кога ќе дојдете во Врњачка Бања и ќе се сместите, вистинската авантура започнува на главното шеталиште – Врњачката променада, неизбежна дестинација за сите посетители на бањата, по чија должина се нижат кафулиња, ресторани, продавници, бутици, улични продавачи на сувенири и слики….. Од таму ќе наидете на бројни патокази, кои ќе ве насочат кон неизбежните знаменитости на бањата, како што се замокот на културата, јапонската градина, некој од изворите на минерална вода, мостот на љубовта и сл. Реката Врњачка тече по широкото шеталиште, над неа се надвиваат липи и даваесетина мостови кои водат директно кон гордоста на Врњачка бања- врњачкиот парк, украсен со живописни цвеќиња и растенија, извори, детски игралишта, спортски терени, езерца и места за освежување.
Вечера и ноќевање.
2 Ден – Недела (07.03.2021)
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Се упатуваме кон манастирот Жича, подигнат од српскиот крал Стефан Првовенчан, и со помош на неговиот брат Свети Сава. Разглед на манастирскиот комплекс, чија историја е подолга од осум векови.
Во пладневните часови тргнување за Скопје, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 3.290 денари
За ова патување не е потребен PCR тест.
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус. Ќе бидат испочитувани сите мерки и препораки на СЗО и Владата на Република Северна Македонија ;
- Едно ноќевање на база на полупансион во хотел***
- ХОТЕЛ ДАНИЦА 3 * ВРЊАЧКА БАЊА
Хотелот Гарни Даница се наоѓа во тивка област на Врњачка Бања, над реката Липовачка, опкружен дабова шума, на само 300 м од Бели извор и 850 м од центарот на Врњачка Бања.
Хотелските соби вклучуваат: сопствено купатило со фен, кабловска телевизија, клима уред, телефон, безжичен интернет, централно греење, будилник, козметика, прибор за пишување и шиење и др.
Хотел Даница има кафе-бар, ресторан , салон за масажа, сала за состаноци, фитнес сала, сала за рекреација,градина за релаксација и паркинг простор.
Паркинг, Wi-Fi Интернет, користење на фитнес салата и салата за рекреација за гостите во хотелот се бесплатни.
Нашите гости можат да ги користат надворешните базени Врабац и Грабак со попуст и, со специјален попуст да ги користат надворешните и внатрешните термални базени и аква паркот Врњачка терме, Вук тури, обиколки на локални винарии и дестилерии, такси возење Профи такси, тениски терени и балон сала за разни спортски активности.
- Придружник за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса 1 евро (се плаќа на рецепција)
- Патничко осигурување
- Останати лични трошоци
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 30 патника.