Cesme

Чешме е едно од најатрактивните летни туристички дестинации во Турција, спремете се за Лето 2021 во монденското Чешме!!!

Програма на патување:

1.ДенСКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ 

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 15.30часот. Поаѓање за Турција во 16.00 часот. Дневно и ноќно возење, со попатни кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности, патување проследено со музика и филмови.

2.ДенЧАНАККАЛЕ –ЧЕШМЕ

Во раните утрински часови пристигнување во Ечебат и преминување на протокот Дарданели со фериброд (вклучен во цена) до Чанаккале. Патот продолжува со неколку попатни застанувања за краток одмор. Пристигнување во Чешме во попладневните часови и сместување во хотел.  Инфо коктел (по 1 чашка локален пијалок алкохолен или без алкохолен), запознавање со преставникот, партнер агенцијата на Ваикики Травел. Ноќевање.

4/5/6/7/8.ДенЧЕШМЕ                                         

Појадок. Денови предвидени за одмор и релаксација во прекрасниот град Чешме. Уживање покрај песочната плажа Теќе и тиркизното море веднаш до хотелите Керман и Пасифик. Можност за посета на факултативни излети:

  • Крстарење
  • Посета на Алачати
  • Посета на плажата Алтинкум
  • Посета на гробот на Богородица, античкиот град ЕФЕС и црквата Св. Јован
  • Посета на градот Измир
  • Турска Вечер
  • Ноќен клуб/ Диско

9/11.ДенЧЕШМЕ – ШОПИНГ МОЛ ИЗМИР – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Македонија со попатна посета на шопинг мол во Измир. Пауза од 3 часа. По посетата на шопинг центарот, патувањето продолжува кон Скопје. Дневно и ноќно возењесо попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови, во зависност од задржувањата на граничните премини.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација.

– Трансфер со фериброд до и од Чанаккале.

– Сместување во Хотелпо избор на база 7 или 9 ноќевања со Појадок.

– Едно шише 0,5 флаширана вода по патник на одење и враќање во Автобус.

– Попатна посета на Шопинг Мол во Измир.

– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително здравствено и патничко осигурување.
  • Крстарење
  • Посета на Алачати
  • Посета на плажата Алтинкум
  • Посета на гробот на Богородица, античкиот град ЕФЕС и црквата Св. Јован
  • Посета на градот Измир
  • Турска Вечер
  • Ноќен клуб/ Диско
  • Индивидуални трошоци

Описи  на хотелите

-HOTEL PASIFIK 2* (http://www.pacifichotelcesme.com/)

 Локација: Веднаш до убавата песочна плажа Теќе, на 900м од Марината 90км од Измир

Сместување: 16 соби некои со поглед кон море или градина, опремени со клима, балкон, под со тепих, ТВ, мини бар, Wi-Fi интернет (бесплатно), тоалет со туш, фен.

Хотелскисодржини: градина, рибен ресторан со морска храна, бар, собна услуга, сеф, Wi-Fi интернет (бесплатно), остава за багаж

Услуга: ноќевање со појадок

 

HOTEL KERMAN ** (https://www.booking.com/hotel/tr/kerman-otel.en-gb.html?aid)

Локација: хотелот е лоциран веднаш до Теќе плажата централно во Чешме, на 1км од Марината, на 11 км од Алачати, на 90км до Измир

Сместување: 33 соби со поглед кон море или градина, опремени со клима, мини бар, ТВ, тоалет со туш/када, фен, тераса, Wi-Fi интернет (бесплатно)

Хотелскисодржини: ресторан, кафе бар, бесплатен  Wi-Fi интернет, собна услуга, рецепција, остава за багаж, сеф на рецепција

Услуга: ноќевање со појадок на база шведска маса

 

– HOTEL SAATLI 3* (https://www.etstur.com/Saatli-Hotel)

Локација: централно во Чешме, на 700м од Замокот на Чешме и Марината, на 1,4км од плажата Бојалик Бич, на 2,9км од Аја Јорки и на 1км од автобуска постојка

Сместување: 30 соби, опремени со клима, ТВ, апарат за кафе/чај, тоалет со туш, фен, биро, гардеробер

Хотелскисодржини: лоби, градина, тераса на покрив, надворешен базен (отворен Јуни-Август), собна услуга, рецепција, Wi-Fi интернет (бесплатно), лифт, има погодности за лица со посебни потреби

Услуга: ноќевање со појадок