Veligden vo Ksamil

КСАМИЛ ЗА 1-ВИ МАЈ и ВЕЛИГДЕН

Ксамил е скриен скапоцен камен, кој се наоѓа на албанската ривиера. Во Ксамил, можете да уживате во рајските плажи кои нудат бел песок и кристално чиста вода со медитеранска клима во текот на целата година.

ПРОГРАМА:

1 ден – четврток (29.04.2021)
Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00.
Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – петок (30.04.2021)

Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во вили во Ксамил. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка во Ксамил.Ноќевање.

3 ден – сабота (01.05.2021)

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на националниот парк Бутринт и градчето Саранда. Враќање во вилата и ноќевање.

4 ден – недела (02.05.2021)

Слободно индивидуално време за прошетка по песочните плажи на Јонското Море, дегустација на вкусна морска храна во некој од локалните ресторани, одмор и релаксација. Ноќевање.

ден – понеделник (03.05.2021)

По појадокот, одјавување од вилите во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Тргнување за Скопје во 14:00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 ЕВРА

ПРОМО ЦЕНА: 59 ЕВРА 

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 3 ноќевања во Ксамил (апартманско сместување)
– Организација и реализација на патувањето
– Лиценциран туристички водич

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Туристичка такса (1,10 евро по лице по ноќевање).
– Патничко осигурување
– Факултативна посета на Саранда и националниот парк Бутринт – 10 евра по лице

 Напомена:
– Влезницата во националниот парк Бутринт не е вклучена во цената.
– Во случај, двајца возрасни и дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа 35 евра.
– Во случај, еден возрасен и едно дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа целосната сума
– Во случај, еден возрасен и две деца (2-11,99), за едно дете се плаќа полна сума, а за второто 35 евра.
– Се патува со лична карта или пасош
– За влез во Албанија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
– За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници
– Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.