Veligden vo Drac i Tirana
1-ви Мај и Велигден во ДРАЧ – ТИРАНА – КРУЈА
30.04.2021 Поаѓање во 05 часот со автобус, за Албанија преку Струга на г. п. Ќафасан. Пристигнување во Драч околу 12 ч, сместување во хотел Космира со 3*, на самата плажа во населбата Голем. Попладнето посета на Драч и негово разгледување: џамијата Фатих, Венецијанската тврдина, Амфитеатарот од 2 – ри век, прошетка по шеталиштето покрај морскиот брег а потоа посета на фабрика за коњак-Скендербег со традиција од 1933 год. и дегустација на коњак, ракија, … Враќање в хотел. Ноќевање.
01.05.2021 Појадок.Факултативен излет до ТИРАНА,прошетка во центарот на градот каде можат да се видат : плоштадот и споменикот на Скендербег, Парламентот, Комплексот на Саат кулата и Хаџи Едем Беј џамија од 18 – ти век, Бункер музејот, Историскиот музеј, зградата на опера и балет театар… Слободно време во центарот на Тирана. Потоа посета на трговскиот шопинг центар ТЕГ. Вечерта враќање в хотел. Ноќевање.
02.05.2021 Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на градот Круја каде е роден Ѓорѓ Кастриот – Скендербег, можност за посета на музејот на Скендербег, замокот Круја, старата чаршија… Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
Цена: 3600 денари
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација според протоколот за превоз
– сместување во х. Космира со 3* на база 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Драч – организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– патничко здравствено осигурување – без франшиза (150 денари)
– целодневен излет со разглед на Тирана и шопинг центарот ТЕГ (5 €)
Задолжително носење на маски поради Covid 19.
Збогатете ги вашите доживувања со едно ново патување.