Vodici vo Prolom Banja
.jpg)
ТЕРМИН: 17.01-19.01.2026
Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната. Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница. Искористете ја Новата Година за прошетка
РЕДОВНА ЦЕНА: 209 € / 12.958 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 179 € / 10.098 мкд
ПРВ ДЕН – 17.01.2026 (САБОТА) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 18.01.2026 (НЕДЕЛА) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. После појадокот, заминуваме на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор или реласирење во Спа центарот. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 19.01.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот организирана пешачка прошетка до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во двокревтни стандардни соби во хотел Радан 3* https://prolombanja.com/
– Две ноќевања со појадок, ручек и вечера (шведска маса)
– Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
– Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
– Организирана прошетка до црквата Лазарица (доколку дозволат временските услови).
– Организација, реализација и придружник на патувањето
– Туристичка такса
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур (Eкскурзијата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
– Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
– Патничко осигурување
ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:
– Дете до 6.99год.- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170мкд
– Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 50% од сумата.
– Доплата за еднокреветна соба 30€/ 1.8600мкд за две ноќевања
– Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.


