vila Mario, Ksamil
Вила “Mario” се наоѓа на помалку од 100м или околу 2-3 мин пеш до плажа во централниот дел на Ксамил и на околу 70м од Тирана Банк. Вилата е со одличен квалитет на сместување и високо ниво на хигена и има 9.4 оцена од 10 на booking.com. Располага со студија и апартмани со 1 и 2 спални соби за 4 лица. Студијата се наоѓаат на II и III кат и се состојат од две единечни легла или брачен и две легла на кат (едно над друго), комплетно опрема кујна, купатило и тераса. Апартманите со 1 спална се наоѓаат на I и II кат, опремени со: балкон, комплетно опремена кујна со фрижидер, ТВ, купатило. Распоредот на легла е две легла или кревет на спуштање во кујната и брачен кревет во спалната. Климата и ТВ се во спалната соба. Дуплекс апартманот со 2 спални се наоѓа на приземје во дворот на вилата и се состои од 2 одделни спални соби (лево и десно), (едната соба со брачен кревет, другата соба со 2 оделни легла). Климата, ТВ и кујната се наоѓаат во едната спална соба. Голем фрижидер во ходникот и купатило во средина, помеѓу 2-те спални соби. На сите балкони во вилата има тенда за сонце. Клима и интернет – БЕСПЛАТНИ. Во дворот на вилата има паркинг и скара за корисење на гостите.
EARLY BOOKING – Лето 2021
10% попуст за целосна уплата до 01.05.21 | 5% попуст за целосна уплата до 01.06.21
GPS Coordinates: 39.766446820209595 | 19.999015197754623
НАПОМЕНА
- – Цените во табелата се однесуваат за наем на студио и апарман со една спална за 7 ноќи без превоз;
- – Превозот е еден ден претходно од термините во табелата, поаѓање навечер;
- – Сместувањето е по 14:00часот, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот;
- – Ги замолуваме патниците кој користат превоз да бидат на местата за поаѓање 10 минути пред поаѓањето;
- – Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме;
- – Во студиo/апартман, дозволено e сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;
- – Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус/миниус. На околу 50м од вилата.
- – Се патува според протокол за патување преку г.п.Ќафасан (Струга). НЕ е потребен PCR тест. Може да се патува и само со лична карта или пасош.
- – Агенцијата го задржува правото за промена на цената на превозот, доколку дојде до промена на максималниот капацитет од 75% на 50% исполнетост во автобус/минибус.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – Доплата за превоз: 55€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);