Hurgada, Egipet
На нaшата Facebook page Daglas Tours – Travel Agency ке бидат редовно објавувани најдобрите понуди за Hurgada, Egipet, со директен чартер лет од Скопје.
ХУРГАДА ЛЕТО 2021 – ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 7 дена – 6 ноќевањa
1 ден | Скопје – Хургада
Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување. Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со нашите претставници, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот). Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање
2 – 6 ден | Хургада
Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел.
Можност за факултативни излети.
7 ден |Хургада – Скопје
Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови. Точното време на превземање од хотелот ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден
ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ:
- Авионски карти на релација Скопје – Хургада – Скопје со директен чартер лет.
- Чекиран багаж до 20кг + 7кг рачен багаж
- Аеродромски и административни такси.
- Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада.
- 6 ноќевања во избраниот хотел.
- Организација на патувањето.
ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ:
- Меѓународно патничко здравствено осигурување.
- Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).
- Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.
- Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
- PCR тест не постар од 72часа пред влез во државата е задолжителен.
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Сите хотели се на барање.
- Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
- За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
- Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излет
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА за влез во Египет
Влезна виза за Египет – до 31.10.2021 визата за туристи со македонски пасош е БЕСПЛАТНА
PCR Тест: Во моментот во Египет може да се патува со доставен негативен PCR Covid-19 тест, не постар од 72 часа.
Брз PCR тест може да се направи и на аеродромот во Хургада и истиот чини 30$.