vila Pavlos, Skijatos
Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi, и тоалет.
Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.
Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите.
Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад.
Вилата е на една минута пешачење од море. Првата плажа е на 3 минути пешачење, но таа плажа е мала и не е организирана. За да се посетат најубавите плажи на островот, се користи јавниот превоз.
Што е вклучено во цената
- 7 ноќевања по лице на Скијатос со вклучен автобуски превоз.Цените се во евра, 1еур=62ден.
- За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
- Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос
- За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
- Поаѓањето е ден претходно од термините во табелата т.е. секоја среда. Секој четврток e прв ден од одмор.
- За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
- Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
- Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
- Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
- Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
- Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.
Што не е вклучено во цената
- Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос-Волос во самиот автобус
- Користење на клима (не е задолжително) 7евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
- Туристичка такса, 2евра од ден за студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите